Македонската економија годинава со раст од 3,5 проценти

Bez autora
Feb 08 2011

Обновата од глобалната рецесија во 2009 година е во тек, и се очекува растот на македонската економија во 2011 година да има забрзување при што ќе достигне 3,5 отсто. Со вакви прогнози вчера излезе Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој оптимизмот во продолжувањето на економскиот раст го гледа во последните намалувања на каматните стапки што ги направија банките, но и во обновувањето на европските трговски партнери, на цикличните отскокнувања типични за закрепнувањата на економиите, како и на целокупната здрава состојба во банкарскиот сектор. Монетарците очекуваат базичната инфлација да остана под 1 отсто, иако зголемување на храната и на енергијата ќе ја покачи инфлацијата. Дефицитот на тековната сметка падна од близу 13 проценти од БДП во 2008 година на проектираните 3,5 проценти во 2010 година. Девизните резерви се очекува да бидат некои 95 проценти од краткорочниот долг на крајот на 2010 година и да имаат нагорен тренд во 2011 година.

Македонската економија годинава со раст од 3,5 процентиОбновата од глобалната рецесија во 2009 година е во тек, и се очекува растот на македонската економија во 2011 година да има забрзување при што ќе достигне 3,5 отсто.

Со вакви прогнози вчера излезе Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој оптимизмот во продолжувањето на економскиот раст го гледа во последните намалувања на каматните стапки што ги направија банките, но и во обновувањето на европските трговски партнери, на цикличните отскокнувања типични за закрепнувањата на економиите, како и на целокупната здрава состојба во банкарскиот сектор. Монетарците очекуваат базичната инфлација да остана под 1 отсто, иако зголемување на храната и на енергијата ќе ја покачи инфлацијата.

- Дефицитот на тековната сметка падна од близу 13 проценти од БДП во 2008 година на проектираните 3,5 проценти во 2010 година. Девизните резерви се очекува да бидат некои 95 проценти од краткорочниот долг на крајот на 2010 година и да имаат нагорен тренд во 2011 година - велат ММФ во своите прогнози.

Фискалниот дефицит се очекува да биде 2,5 отсто од БДП во 2010 година и тој процент Монетарците очекуваат да се задржи и во 2011 година, а исто толку да биде И буџетскиот дефицит.

- На среден рок властите планираат да го намалат фискалниот дефицит за да се зајакнат јавните финансии - велат од ММФ.

Монетарците оценуваат дека банкарскиот сектор и понатаму е здрав иако кризата го зеде својот данок во форма на значајно зголемување на нефункционалните кредити и намалување на профитабилноста во текот на изминатите две години.

- Сепак, основната исправноста на системот останува недопрена, врз основа на високи стапки на адекватност на капиталот, доволна ликвидност, минимално потпирање на странски финансиски средства, конзервативниот биланс на состојба и внимателната супервизија и регулатива. Главен ризик за овие, во голема мерка поволни изгледи, доаѓаат од тоа да финансиските турбуленции во еврозоната да се прелеат во Македонија - велат од ММФ.

Од ММФ очекуваат понискиот извоз да му наштети на економскиот раст, но се смета на напредокот во спорот за името со Грција, што може да доведе до деблокирање на патот кон пристапување на Македонија во ЕУ и НАТО, и понатамошно зголемување на цените на металите што ги извезуваме.

Од ММФ потсетуваат на средствата кои и се одобрени на Македонија во висина од 480 милиони евра со цел македонските власти да искористат дел од нив за тековни обврски, но и да се заштити фиксниот девизен курс.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik